Еден од најдобрите фудбалери сезонава во дресот на Милан Џампаоло Пацини поради повреда го пропушта реванш натпреварот против Барселона во Лигата на Шампионите.
Италијанецот се здоби со повреда пред да постигне гол за Милан против Џенова (2-0).
Сеуште не е познато за тоа колку натпревари ќе паузира Пацини, кој сигурно нема да патува во Шпанија.
Екипата на Милан гостува во Барселона во вторник, првиот натпревар заврши со победа на Росонерите со резултат од 2-0.
