Тренерот на ‘росонерите’ го пофали Супер Марио по победата над Киево во Верона.
Милан освои три бода на „Бентегоди“ со голот на Рикардо Монтоливо, но Макс Алегри по кој знае кој пат го издвои Марио Балотели поради неговиот придонес за добрите резултати на екипата откога стигна во Манчестер Сити.
„Немавме играч кој така добро ги изведува слободните удари“
„Монтоливо реагираше сјајно кај голот, а голема заслуга оди и кај Марио. Тој игра со полн ентузијазам и тоа делува многу позитивно на целата екипа“
„Знам дека може уште повеќе и подобро, што од меч во меч и докажува“
„Ел Шарави ја носеше екипата во текот на есенскиот дел од шампионатот, а сега Марио ја превзеде таа улога и доста го растерети“
„Најважно од се е што играме добро и да победуваме“, заклучи Алегри.
Милан не ја осети горчината на поразот во 2013 во рамките на Серија А.
