Тимот од Лофтус Роуд игра многу слабо, се наоѓа во зоната за испаѓање и големи се шансите следната сезона да игра во Чемпионшип дивизијата.
При еден ваков развој на настаните, авантурата на Жулио Цезар во Премиерлигата ќе заврши рано, а според медиумите од Италија, репрезентативецот на Бразил ќе се врати во Серија А, но во дресот на Милан.
Денешното издание на Corriere della Sera вели дека претставници на ’Росоњерите’ веќе оствариле контакт со екс-голманот на Интер, и направени се значајни чекори за преселба на играчот во Милан.
Жулио Цезар на Сан Сиро ќе пристигне како замена за Марко Амелија, кој летоска ќе го напушти Милан, Бразилецот ќе се бори со Кристијан Абиати за место во првиот тим.
Во седумте години поминати во дресот на Инер, Цезар освои 14 титули, вклучувајќи ја и историската тројна круна во 2010
