.

Крај на сезоната за Бојан Кркиќ

Бојан Кркиќ, играчот на Милан, доживеа повреда и судејќи по се ја заврши сезоната.

Тежината на повредата ќе биде објавена во наредните денови, но на прв поглед се претпоставува дека ќе паузира до крајот на сезоната. Поранешниот играч на Барселона некое време се жалеше на болки, а денес е објавено дека повредата е од сериозна природа.

„Бојан доживеа повреда на мускулот, и ќе мора да паузира некое време.“

Шпанскиот интернационалец со српско потекло, Б. Кркиќ се наоѓа во Милан на позајмица од Барселона, но во договорот има откупна клаузула по која може да остане на Сан Сиро.