
Овие денови владее вистински хаос во Милан кога е во прашање тренерското столче и кој ќе седи на него наредната сезона. Берлускони е решен да го отпушти Алегри, но овој пат наиде на „sид“ бидејќи навивачите црвсто застанаа во одбрана на својот тренер.
И покрај тоа што Алегри успеа да го донесе ослабениот Милан до пласман во Лигата на шампиони, сепак сопственикот Берлускони е решен да му врачи отказ на тренерот, кој има силна подршка од Галиани, фудбалерите но и навивачите.
Медиумите пишуваат дека газда Силвио е цврто решен во својата намера и дека за следен тренер го избрал Сидорф, но официјален став на клубот сеуште нема и најверојатно нема да има се до понеделник, кога ќе се донесе конечната одлука.
Во меѓувреме покрај Галиани и целата соблекувална кои застаанаа во одбрана на Алегри, својот став јавно го искажаа и фановите кои се заканија со бојкотирање на сезоната доколку биде сменет актуелниот стратег.
Имено, популарната „Kurva Sud“ вчера излезе со официјално соопштение во кое јасно му стави до знаење на Берлускони дека нема да ја поддржи оваа негова одлука и дека не го сакаат Сидорф за тренер. Притоа утрово пред канцелариите на клубот осамна графит на кој пишуваше „Сидорф – не благодарам“.