Патката е здрав последните 6 месеци, можеби му недостигаше татковината, но ова лето би можеле повторно да го видиме во Милан.
Заминување на Алегри би можело да значи враќање за Пато.
Имено, Милан ќе го продаде Робињо, веројатно на Сантос, Пацини е повреден, слободата на Бојан Кркиќ чини околу 10 милиони, па е јасно дека ќе бараат напаѓачи.
Како еден од засилувањата се споменува Пато кој освои државна титула со Коринтијанс, па повторно би можел да се врати во Италија.
Причините не се толку фудбалски, кога е во прашање Барбара Берлускони, убавата ќерка на газдата. Се претпоставува дека Бразилците нема да прават проблем на овој напаѓач, под услов се разбира Милан да им ги врати вложените пари.
