.

Галиани: Ел Шарави не оди никаде, Тевез нема да не издаде

Потпретседателот на Милан Адриано Галини стави крај на шпекулациите и потврди дека не постојат никакви шанси младиот напаѓач Стефан Ел Шарави нема да замине од „Сан Сиро“ и притоа изјави дека сака да го види Тевез во Милан.

Како што е познато, „Газета дело Спорт“ вчера соопшти дека ’граѓаните’ испратиле понуда до Милан вредна 25 милиони евра плус Карлос Тевез за услугите на Ел Шарави.

„Ел Шарави не оди никаде, тоа се глупости. Апсолутно не постои никаква желба да го продадеме Фараонот“, потврди Галиани, но не ја отфрли можноста за ангажман на Тевез за кого медиумите пишуваа дека е многу блиску до Јувентус.

„Имам одилчен однос со Тевез и сигурен сум дека нема да не изневери. Ми се допаѓа бидејќи е агресивен на теренот и верувајте дека е подготвен сериозно да ги намали примањата само за да дојде кај нас“, изјави првиот оперативец на Милан.

Медиумите пишуваат дека приоритет на Тевез е трансфер во Милан и дека ги договорил личните услови со ’росонерите’. Имено клубот од Милано веќе почнал преговори со Манчестер Сити за Аргентинецот, но јасно им ставил до знаење на првите луѓе на Премиерлигашот дека Ел Шарави не е на продажба.