.

Били: Одлично го познавам Берло, Алегри е минато во Милан

Били Костакурта одлично го познава Силвио Берлускони, а вели дека трикратното избегнување на претседателот на Милан да се сретне со тренерот Алегри, значи крај на соработката.

„Чим трипати не доаѓа на закажани состаноци, значи дека сака да ја заврши соработката со Алегри. И не само тоа туку дава сигнали дека воопшто не сака ниту да разговара со него. Мој личен впечаток е дека Масимилијано коректно си ја обавуваше работата во Милан“, вели Костакурта за „Скај Италија“.

Поради ескиважите на Берлускони, по третпат е откажан состанокот со Алегри, кој се уште има договор со Милан, што важи до следното лето.Италијанските медиуми велат дека на прошталниот натпревар на Каладѕе , контроверзниот претседател на Миланезите разговарал и со Кларенс Сидорф, за да се договорат и последните детали околу тренерската функција што холандскиот ас треба да ја наследи во Милан од Алегри.