.

ТИМ Трофео 2013 , повикани Росонери

23-ти јули , Милан ќе ги одмери силите со Јувентус и Сасуоло на пријателскиот куп - ТИМ Трофео.

Секој од трите тима ќе игра по 2 натпревари со времетраење од 45 минути.

Јерсон Вергара , Стефан Ел Шарави , Марио Балотели , Игнацио Абате , Матија Де Шиљо и Рикардо Монтоливо сеуште немаат тренирано со остатокот од тимот и поради тоа нема да бидат во комбинација за ова натпреварување кое поради повреда ќе го пропушти и Џампаоло Пацини и Рикардо Сапонара.

Во продолжение погледнете ја листата на повикани играчи од страна на тренерот на Милан , Масимилијано Алегри : 

Голмани : Кристијан Абијати , Марко Амелија и Габриел

Одбрана : Лука Антонини , Даниеле Бонера , Кевин Констант , Филип Мексес , Кристијан Закардо и Кристијан Запата

Средина : Кевин - Принс Боатенг , Брајан Кристанте , Урби Емануелсон , Најџел Де Јонг , Антонио Ночерино , Андреа Поли , Родни Страсер и Бакаје Траоре

Напад : Мбаје Нианг , Намди Одуамади , Андреа Петања , Кингсли Боатенг , Робињо