.

ФОТО+ВИДЕО : ЗБОГУМ МАСИМО АМБРОЗИНИ !


Десетина дена откако беше потврдена разделбата меѓу Милан и досегашниот капитен, Масимо Амброзини и на денот на кој официјално истекува неговиот договор, раководството на Росонерите реши јавно да му заблагодари на фудбалерот кој цели 17 години го носеше црвено-црниот дрес.
Во изданието на најтиражниот италијански спортски весник „Газета дело Спорт“ од пред неколку дена , Милан откупи цела страна која му ја посвети на Амброзини, правејќи колаж од неговите најважни моменти во овој клуб и наведувајќи ги неверојатните бројки кои остануваат запишани зад неговиот престој на Сан Сиро.
17 години, 489 натпревари, 36 голови, 12 трофеи, 6.205 денови и 33.791 минути со дресот на Милан на твоето тело. Ти благодариме, Капитену !