Холандски весник „Телеграф“ денес тврди дека ѕвездата на Ајакс , Кристијан Ериксен веќе се договорил со Милан и чека Росонерите да обезбедат пласман во групната фаза од ЛШ за да го комлетира трансферот.
Весникот тврди дека Ериксен сака трансфер во Милан и затоа одбива да даде одговор на понудата на Ливерпул.
Меѓутоа услов е Росонерите да се пласираат во групната фаза во ЛШ, со што ќе обезбедат средства за комплетирање на трансферот.
Иако се чинеше дека Ливерпул сигурно ќе се засили со играчот на Ајакс, сепак причината за стопирање на трансферот е Милан, кој веќе се договорил со младиот данец.
Тренерот на Милан , Масимилијано Алегри потврди дека на крајот на преодниот рок очекува засилување во средниот ред и одбраната, а во Холандија тврдат дека тоа сигурно ќе биде Кристијан Ериксен.
