Стратегот на Милан по победата над ПСВ отвори душа откривајќи колку е изиритиран од односот кон него од страна на одредени италијански медиуми.
Со триумфот на Сан Сиро над ПСВ од сигурни 3:0 , Росонерите се пласираа во групите од Лигата на Шампионите , кадешто ќе играат против Барселона , Ајакс и Селтик.
Со тој успех на Милан паднаа во вода шпекулациите на одредени италијански медиуми дека доколку не успее да го однесе Милан во ЛШ му следува отказ на Масимилијано Алегри.
Гласини кои не го направија нималку среќен стратегот на гигантот од Милано, кој своето незадоволство го искажа јавно :
„Ме сменуваат од оваа позиција со години па можно е конечно самиот утре да поднесам оставка и да си заминам. Сево ова многу ме изнервира. Постојано читам текстови во кои плукаат по мене и се прашувам нели би требало да бидат барем малку пообјективни. Луѓето сакаат да се прават паметни, но треба да се има малку повеќе почит кон туѓиот успех. Од една страна многу сум задоволен со прикажаното и со успехот на својата екипа, а од друга страна сум многу лут. Им благодарам на момците што ми пружија барем малку задоволство и забава, а сите оние кои пишуваат ср... за мене ги повикувам да дојдат на моето место и нека се обидат да ги повторат успесите кои ги имав јас со овој тим“ - изјави Алегри вo разговорот за Mediaset.
