.

ВИДЕО : Милан изгуби со 1-2 , Балотели промаши пенал


Милан загуби со 1-2 на домашен терен од Наполи , а Марио Балотели го промаши првиот пенал во својата кариера.




Бритос донесе водство на Наполи уште во 6-тата минута , а предноста ја зголеми Игуаин во 54-тата минута.
Балотели имаше можност да ги врати Росонерите во игра , но во 61-та минута за прв пат во кариерата промаши пенал односно Реина ја „прочита“ неговата намера и го одбрани неговиот удар.
Популарниот Супер Марио во 90-тата минута ја исправи својата грешка , но тоа не беше доволно за избегнување на вториот пораз во сезоната за Милан.