.

Кака се откажа од својата плата до враќањето на теренот


„Второто деби“ за Кака по големото враќање во редовите на Милан , во саботата во Торино траеше околу еден час, по што тој поради повреда мораше да го напушти теренот.

Лекарските прегледи покажаа дека таа повреда е посериозна отколку што се мислеше и дека поради неа Бразилецот нема да може да им помогне на соиграчите во следните 10-тина дена , по што ќе бидат извршени дополнителни прегледи за да се види уште колку време ќе му треба за целосна рехабилитација.

Во овој период самиот Кака изјави дека не му е потребно ништо повеќе од љубов и поддршка од страна на Милан , односно тој се откажува од својата плата се до враќањето на теренот :

„По мојот разговор со првите луѓе во клубот одлучив дека не сакам ништо освен љубов и поддршка од Милан во следните месец дена. Сè додека не сум целосно подготвен пак да се најдам на теренот. Затоа одлучив да не земам плата во тој период. Единственото кое го барам е помошта и поддршката да се опоравам на најдобар можен начин. Веќе почнав со рехабилитацијата и поддршката од навивачите и сето она што го слушнав изминативе два дена ми дава сила и одлучност да се вратам што е можно побргу“.