Тимот на Милан по пет одиграни кола во Серија А се наоѓа на 12-тото место со вкупно пет освоени бодови, конто кое можеше да биде и послабо доколку во две ситуации Росонерите не се спасуваа во последните неколку минути.
Неефикасноста , но и премногуте (10) примени погодоци секако дека е нешто што го загрижува Алегри.
„Тоа што освоивме еден единствен бод во последните две кола е доволен показател дека има уште многу работа пред нас. Во моментов ми се чини дека плаќаме за секоја наша грешка на теренот. Мораме да ја подобриме играта во одбрана, но истото се однесува и за нападот во кој реализираме само 30% од нашите шанси“ - изјави Масимилијано Алегри.
