.

ВИДЕО : Бирса ја прекина лошата серија на Милан



Во 6-тото коло од Серија А , Милан со 1-0 ја совлада Сампдорија и дојде до втората победа во новата сезона.

Во првото полувреме Росонерите не успеаа да постигнат гол и на полувреме се замина со 0:0.


Но , на самиот старт од второто полувреме Милан дојде во предност откако Робињо го проигра Валтер Бирса, кој со прецизен удар од околу 20 метри го совлада гостинскиот голман за водство 1:0.
Милан со оваа победа се искачи на 8-мото место со исто толку бодови.