Според италијанските медиуми се планираат големи промени во Милан по слабите резултати во Серија А, а Масимилијано Алегри и Адријано Галијани се на излезната врата од клубот.
Ситуацијата во клубот од Сан Сиро кулминира по поразот од 2:0 на домашен терен од Фиорентина, по што Росонерите паднаа на 11-тото место со 16 бода заостанување од местата кои водат во ЛШ.
Барбара Берлускони се очекува да ја презеде главната улога во извлекувањето на тимот од кризата. Таа имала состанок со нејзиниот татко и воедно претседател на клубот , Силвио Берлускони за да ja поддржи во промените.
На Галијани најмногу му се замерува за лошата трансфер политика. Барбара се прашува како може Фиорентина и Рома да успеат да направат подобри екипи со средства помали од оние на Милан.
Потфрли и мрежата на скаути на Милан кои не успеваат да откријат млади играчи пред тие да станат ѕвезди.
Барбара Берлускони бара промена на филозофијата, а со тоа и на нови лица, па најверојатно ќе разговара со Паоло Малдини за преземање на директорската функција во клубот.
