.

Милан го има најдобриот напад во Серија А

Според статистиката, фудбалерите од нападот на “росонерите”, се најдобри во целата Серија А за оваа сезона. Имено, напаѓачите на Милан до сега постигнале најмногу голови од сите други напаѓачи на другите екипи.

Милан во досегашниот тек на сезоната има постигнато 52 гола во Серија А, а од нив дури 41 ги постигнале напаѓачите.

Од тие 41 гол – 16 гола се дело на младиот Ел Шарави, 13 постигна Пацини, 7 на само 6 натпревари постигна Балотели, следат Бојан Кркиќ со 3 гола и Робињо со два.

На второто место на оваа листа се наоѓа нападот на Рома со само 3 гола помалку од Милан, а потоа следуваат екипите на Јувентус и Интер.