Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани, изрази големо воодушевување поради формата на неговиот тим, фалејќи го Де Шиљо поради играта во мечот со Палермо.
Адриано Галијани мисли дека доаѓањето на тренерот Масимилијано Алегри на клупата беше вистинска работа за клубот.
„Откога дојде Алегри, многу сме подобри. Одлични сме“, изјави Галијани кој е главен по прашањето за доведувањето на засилувањата во миланскиот клуб.
По уште една добра игра на Милан, Галијани го пофали младиот Де Шиљо, споредувајќи го со легендата на Милан, Паоло Малдини.
„Де Шиљо е играч кој ги користи двете нозе, исто како Малдини. Според мене, подобар е по левата страна. Ако успее да ја зголеми малку тежината, ќе биде како Паоло Малдини“