.

Шахтјор со мега понуда за Алегри

Масимо Алегри е под договор со ’Росоњерите’ до 2014 и лидерите на Милан во неколку наврати нагласија дека стратегот ќе остане на Сан Сиро и следната сезона.

Сепак, медиумите често пишуваат за иднината на Алегри, се говори дека тренерот е топ цел на Рома.

Денешното издание на Corriere dello Sport вели дека ’Римската Волчица’ добива конкуренција, до 45 годишниот стратег пристигнала примамлива понуда од Шахтјор.

Весникот пренесува дека тимот од Доњецк на Алегри му нуди четиригодишен договор и плата од 6 милиони евра по сезона, многу повеќе од сегашните 2,5 милиони што тој ги заработува на Сан Сиро.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Алегри, кој успеа да го врати Милан на победнички патеки по проблематичниот старт во новата сезона.