.

Подготвени?

Подготвени сте за спектаклот кој ќе следи вечер? Подготвени сте за епската пресметка меѓу двата клуба кој го одбележаа светскиот и европскиот фудбал во последните 2 декади? Подготвени сте да играте против најдобриот тим на светот на нивниот храм пред 90.000 Каталонски грла?





Фудбалска класика во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите, само еден од овие два елитни клуба ќе продолжи во следната рунда. Рано испаѓање на секогаш фаворизираната Барса ќе биде своевиден шок за европската јавност - шок кој тие ќе дадат се од себе да не се случи. Но за нас, вистинските Росонери продолжување на традицијата на играње на фантастични партии во европски рамки не ни е непознат поим.

Многу веѓи беа подигнати после натпреварот на Сан Сиро кога Барселона беше тотално отсечена, и најголемите критичари му аплаудираа на Милан кој под диригентска палка на Мистер Алегри успеа да направи нешто што многу екипи само го посакуваат.
Немаше многу еуфорија од страна на нашиот тренер по тој натпревар, пред се бидејќи знаеше дека тимот доби една важна битка, но војната сеуште не е завршена. Второто полувреме од овој двомеч ќе даде многу одговори за нашиот тим и ќе го трасира патот по кој оди оваа сезона. Евентуална елиминација е епилог кој не би сакале да го видиме, пред се поради тоа што ќе ни останат само 10 натпревари и премалку фудбал на највисоко ниво до крајот на сезоната.
Продолжување на европската приказна пак ќе значи многу интересна завршница на сезоната, многу поголем финансиски прилив и она што најмногу нас не засега - добар фудбал.

Нашиот херој викендов Пацини ќе отсуствува поради едно невнимание на Портанова, кој иако го оневозможи Пацо да го продолжи натпреварот неможеше да го спречи да даде еден одличен гол, куцајќи. Други поголеми рокади нема во составот и погодување на стартните 11 нека продолжи низ коментарите.
D-Day, најважниот меч за нас годинава. Барселона го има целосниот респект од нас исто како што и тие не почитуваат нас после првиот дуел меѓу овие две екипи. Но тоа незначи дека се плашиме, бидејќие НИЕ сме Милан и Милан не се плаши од никого!!!

"Нашите бои се црвена - како оганот бидејќи ние сме тим на ѓаволи, и црна како стравот кој го предизвикуваме кај нашите противници." - Х. Килпин, 1899