Стефан Ел Шарави, напаѓачот на Милан мисли дека неговиот тим мора што побрзо да го заборави поразот од Барселона и да се фокусира на натпреварите што следат во Серија А.
Росонерите во моментот се наоѓаат на третото место во италијанското првенство и заостануваат само 2 бода зад второпласираниот Наполи.
„Мора да заборавиме на Барселона и да се фокусираме на трката во Серија А. Ни останаа уште 10 натпревари во лигата оваа сезона и мораме да го осигураме играњето во ЛШ и наредната сезона“, изјави Ел Шарави.
„Мораме многу да работиме за да стигнеме до второто место. Немаме повредени играчи освен Пацини и се надеваме на победа над Палермо“, додаде тој.
