.

Пацини ја игра најдобрата сезона во кариерата

Иако е дочекан со потсмев по неуспешните неколку сезони во Интер, Џампаоло Пацини, ако ги гледаме бројките, ја игра најдобрата сезона во кариерата.

Поранешниот италијански репрезентативец има ограничен број на минути оваа сезона, во сенка е Ел Шарави, ретко ги почнува натпреварите, а сега е зад Балотели.

Меѓутоа, постигна 12 голови, во просек, стрелец е на секои 106 минути.

Тоа е подобро од сите останати напаѓачи во Серија А, зад него е Кавани кој дава гол на 119 минути, Ди Натале на 129 и Ел Шарави кој игра повеќе, постигнува гол на 135 минути.

„Да разјасниме, одлуката да дојдам во Милан е моја, едноставно ја видов оваа како голема шанса, а во Интер немаа доверба. Тоа мене можеби повеќе ме зацврсти во намерата да заминам. Бев блиску до Наполи, но се одлучив за Милан и не погрешив“, објасни Пацини.