.

Де Шиљо: Мораме да бидеме сконцентрирани на натпреварот со Палермо


Младиот играч на Милан, Матија де Шиљо, изјави дека неговиот тим не смее да дозволи да ја загуби желбата пред натпреварот со Палермо овој викенд.
Тимот на Милан е елиминиран од ЛШ после поразот од Барса со 4-0. Де Шиљо изјавува дека мора да го заборават тој пораз и мораат да се фокусираат на предизвиците во Серија А.
„Вистина е дека е можно да дојде до пад на концентрацијата во тој натпревар. Ние тоа едноставно не смееме да си го дозволиме, и затоа мораме да бидеме сконцентрирани на натпреварот со Палермо“, изјави Де Шиљо.
„Факт е дека промената на тренерот на Палермо може да им биде дополнителна сила. Тие се добар тим и не смееме да си дозволиме грешка. Мораме да одиграме добро, како против Лацио и Интер. Палермо ќе проба да не нападне преку контри“, додаде тој.