Марио Балотели не се сомнева во способноста на Милан да биде најдобриот тим во Италија наредната сезона.
Милан е елиминиран од Лигата на Шампионите од Барселона, а Балотели немаше право на настап затоа што претходно е регистриран како играч на Сити во ова натпреварување.
Тој е уверен дека Милан ќе ја врати титулата во Серија А во своја сопственост .
„Никој од нас не очекуваше победа во двомечот со Барселона. Сепак одиме на тоа да бидеме најдобар тим. Кога дојдов, направив се за да победуваме. Ќе ја освоиме титулата наредната сезона“ – напиша Балотели на својот фејсбук профил.
