.

Кркиќ: Ова е успешна сезона

Кркиќ, напаѓачот на Милан вели дека оваа сезона за него е по личен план многу позитивна.

Некогашниот играч на Барса, кој моментално се наоѓа на позајмица во Милан од Рома, оваа сезона дефинитивно не сјаеше бидејќи до сега успеа да постигне само 3 гола во Серија А.

Сепак, тој вели дека ужива на Сан Сиро и дека сака уште да му придонесе на својот клуб.

„Мислам дека оваа сезона беше позитивна за Милан. Овде се чувствувам добро“, рече тој.

„Тренирам подобро отсекогаш, до сега и имам голема самодоверба кога сум на теренот“

Кркиќ ја крајот додаде дека се надева во наредниот период да постигне уште некој гол и да има шанса да биде еден од протагонистите во преостанатиот дел од сезоната.