.

Милан следна дестинација на Немања Видиќ

Ако им се верува на спортските таблоиди на Островот, тогаш поранешниот играч на Србија, Немања Видиќ ги игра последните натпревари во дресот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Дека се ближи крајот на уште една ера, покажува податокот дека менаџерот на “црвените ѓаволи”, сер Алекс Фергусон ја прифатил сугестијата на клупските челници дека 31-годишниот дефанзивец мора да биде продаден за време на летниот преоден рок.

Српскиот интернационалец има договор до 2014 година, но, истиот нема да биде продолжен затоа што Видиќ во последните две сезони постојано се жали на повреди и дека е прашање само на време кога и дефинитивно ќе откажат неговите колена.

Како следна дестинација на капитенот на Манчестер Јунајтед се споменува италијанскиот калчо гигант Милан кој е подготвен да одвои околу 12 милиони евра за централниот дефанзивец. Според челниците на италијанскиот клуб, Видиќ ќе биде идеален партнер на францускиот интернационалец, Филип Мексес.