Младиот напаѓач на Милан, Мбаје Нианг беше трагичар за неговиот тим бидејќи промаши одлична можност да постигне гол при резултат 1:0, со што ќе го сменеше текот на целиот натпревар.
18-годишниот Французин вели дека жали за шансата и дека никогаш нема да го заборави овој момент, иако е на почеток на кариерата.
„Секогаш ќе жалам за пропуштената шанса, но неможам да променам ништо. Видов дека голманот не го брани тој агол и шутирав добро, но немав среќа и топката удри во стативата. Се надевав дека во второто полувреме ќе постигнеме гол, но кога тие постигнаа трет беше многу тешко“, вели Нианг.
„Никогаш не сум видел подобар тим од овој на Барселона, неверојатни се. Знаевме дека предноста од 2:0 нема да биде доволна, но против Барса морате многу да трчате, и потоа губите концентрација во завршницата“, заклучи младиот напаѓач.
