.

10 Сантиметри до подвиг!


                                    Милан во 1/4 Финале во ЛШ!

Но замалку.. имавме голема надеж. После феноменалниот натпревар на Сан Сиро каде што успеавме да ги понижиме со два гола, и практично не направија ниедна шанса, се чувствував како да сме ја освоиле ЛШ, и се надевав дека на Камп Ноу ќе успееме да се одбраниме. Бев убеден дека ќе продолжиме понатака, но како што се ближеше реваншот стравот растеше. Надежта ја изгубив после феноменалната шанса на Нианг за израмнување на 1-1, кога ја погоди само стативата.. потоа веднаш стигна казна, и Барса поведе со 2-0.

                                     Малку се посрамотивме!

Не се посрамотивме на првиот натпревар на Сан Сиро каде што одигравме феноменално и постигнавме 2 гола, но вчера.. едноставно несмееме да губиме вакви важни натпревари со високи резултати од 3-0 или 4-0,  Алегри тотално ја промаши тактиката, а и сите играчи потфрлија и одиграа премногу слабо. На крај Барселона дојде до заслужен триумф, а ние по којзнае кој пат останавме без 1/4 финале.

                                       Фудбалот не е наука!

Најверојатно сите ке се сложат дека во моментов Барселона има доста појак состав од Милан, играат многу подобро, имаат поголемо искуство и.т.н.. тоа е тоа, но фудбалот не е наука.. фудбалот е игра во која не секогаш победуваат појаките и подобрите тимови, жив доказ беше натпреварот на Сан Сиро каде што Милан го направи невозможното според многумина. Доколку се се собере и одземе, виновникот за тоа што Милан не отиде во 1/4 финале е таа проклета статива која ја погоди Нианг по одличната шанса.

                                        Судиски грешки!

Освен тоа што Меси беше во офсајд по постигнувањето на вториот гол, пред тоа требаше да има досудено пенал за Милан веднаш после стативата на Нианг каде што одбиената топка Боатенг сакаше да ја врати во шестнаесетникот на Барса, но успеа да погоди само играч на Барса во раката, по што Милан остана сериозно оштетен.

                                          Тактика!

После победата на Сан Сиро на Милан против Барса сите го фалеа Алегри за одличната тактичка замисла во тимот, но сега, после вчерашниот пораз иако Алегри направи доста големи грешки сите одеднаш почнаа да го критикуваат него за лошата тактика, и останато. Како може еден ден Алегри да биде добар, сите да го фалат, а друг ден после пораз сите вината да ја бараат кај него? После натпреварот се јавија "стручњаците" кои секогаш имаат идеја како да ги изпровоцираат навивачите на клубот кој изгубил.

                                           Сезонски Миланисти!

После големата победа на Сан Сиро одма почна да се зголемува бројот на нашата фејсбук страница, а после вчерашниот пораз многумина од тие што имале кликнато "лајк" не напуштија. Поздрав до сите такви "фанови" и не заборавајте да ја затворите вратата кога ќе искочите.

                                         FORZA MILAN!