.

Прандели го превзема Милан после СП во 2014

Селекторот на Италија Чезаре Прандели ги прероди „аѕурите“ и ги однесе во финалето на Европското првенство, а сигурно ќе ја предводи репрезентацијата и на престојното Светско првество во Бразил.

Медиумот кој е во соственост на Берлускони „Спортмедиасет“ ексклузивно пренесува дека по завршувањето на СП во 2014 година Прандели ќе седне на клупата на Милан.

Актуелниот тренер Масимилиано Алегри има договор со ’росонерите’ до 2014 година и сигурно ќе остане на кормилото и следната сезона, но нема да го продолжи договорот и најверојатно ќе прифати ново искуство во некој клуб надвор од Италија.

Раководството на Милан е убедено дека Прандели е вистинскиот човек за наследник на Алегри и како што соопштува медиумот веќе е постигнат начелен договор со стратегот кој е импресиниран од потенцијалот кој го имаат младите ѕвезди на Милан, како Ел Шарави, Де Шиљо, Балотели и Нианг.

Прандели е многу близок со Монтоливо со кого работеше заедно во Фиорентина, а притоа се покажа дека одлично знае да „управува“ со Балотели кој блескаше под негово водство на ЕП во Посла и Украина.