Англиските и италијанските медиуми предмалку објавија дека Милан се наоѓа во интензивни преговори со голманот Тим Крул за трансфер во летниот преоден рок.
Причина за ваквиот потег на „росонерите“ е тоа што сметаат дека е потребно освежување на голот со оглед на тоа што Абијати и Амелија се веќе во поодминати години. Крул има само 25, но веќе се промовира во одличен чувар на мрежата во тимот на Њукасл и забележа пет настапи во дресот на холандската репрезентација.
Скаутите на Милан одамна го следат и веќе подготвуваат добра понуда која тешко дека Њукасл ќе ја одбие. Мал проблем е тоа што во моментов е повреден и нема да брани до крајот на сезоната.
