.

Како убавата Барбара ги среди финансиите на Милан

Ќерката на Силвио Берлускони, Барбара која е финансиски директор во Милан успеа во намерата за половина да ги намали трошоците на клубот и да го направи независен од парите на нејзиниот татко.

Благодарение на продажбата на Ибрахимовиќ, Тиаго Силва и својот дечкоПато, Барабара ги испегла финансииите на Милан и побрзо од очекувањата успеа да ги намали трошоците од плати и останати издатоци во клубот за 50 проценти.

Таа во опширно интервју за „Газета дело Спорт“ ја изнесе својата идеја за функционирање на Милан во иднина.

„Ова лето се одлучивме да направиме комплетна револуција во организацијата, а за тоа беше неоходна жртва. Бевме многу критикувани на почетокот, но ова е проект со кој Милан во иднина ќе биде константно на врвот“.

„Веќе неколку години клубот работеше со загуба помеѓу 60 и 70 милиони, а оваа година благодарение на реорганизацијата веќе влеговме во плус. Нормално дека спортските резултати се најважни, но сега имаме основа и добар буџет секоја година да бидеме се подобри и подобри“, објасни Барбара.

„Милан мораше да тргне по моделот на Барса и Баерн. Едноставно не можете да купите 25 играчи од светска класа, морате да ги создавате. Тоа секако не значи дека нема да купуваме скапи играчи, оваа зима го доведовме Балотелии секоја година ќе бидеме во можност да купуваме по една ѕвезда“, вели ќерката на Берлускони и на крајот додаде:

„Милан моментално е единствен од големите клубови во Италија, кој е независен од сопствениците, се финансира самиот од своите приходи и притоа не е во загуба. Ова е начин кој останатите италијански клубови мора да го следат ако сакаат да имаат долгорочни успеси. За среќа ние напредувавме подобро од очекувања и целта за оваа сезона е да избориме пласман во ЛШ, а од следната сезона ќе бидеме конкурентни и во Италија и во Европа“, заклучи убавата Барбара и додаде дека семејството воопшто не размислува за продажба на клубот.