.

Ел Шарави: Тимот ми е на првото место!

Напаѓачот на Милан, Стефан Ел Шарави, изјави дека не размислува на тоа колку голови постигнал во оваа сезона, веќе само дека е фокусиран на резултатите на тимот.

Ел Шарави смета дека додека тимот има добри резултати, личните успеси не му се важни.

„Табелата е единствена важна. Доколку головите дојдат тоа е уште подобро. Размислувам само на игрите кои ги прикажувам, но мојата цел е да постигнам 20 гола во сезоната, и се надевам дека наскоро ќе се вратам на постигнувањето на головите“, изјави Ел Шарави.

Милан ќе се сретне со Наполи во следниот меч, и тоа ќе биде прилика да се намали предноста на „наполитанците“ на само еден бод.

„И понатака жалам за пропуштените прилики на натпреварот со Фиорентина. Но и понатака се наоѓаме на третото место, и размислуваме за следниот натпревар со Наполи, кој е многу тежок. Тие се сјајна екипа со одлични играчи, и ќе мораме да покажеме одлучност како би ги победиле“, додаде тој.