.

Фараонот си оди поради Балотели?

Најдобриот стрелец на Милан оваа сезона Стефан ел Шарави изразил желба да си замине од својот клуб поради намалената минутажа пролетва.

"Фараонот" го загубил трпението во неделата кога Алегри го остави на клупата на дербито против Наполи. Претходно, тој имаше голем пад во формата по доаѓањето на Марио Балотели од Манчестер Сити и во зимско-пролетниот дел од сезоната постигна само два од досегашните 20 гола. Разочарувањето во неделата беше уште поголемо ако се знае дека Балотели беше суспендиран, па шанса во нападот добија Пацини и Робињо.

"Само нека работи, ова го очекувавме, наскоро ќе биде стариот", се обиде Алегри да ја смири ситуацијата околу младиот напаѓач.

Минатото лето Милан одби понуда од 30 милиони евра за Ел Шарави од Наполи, а со Манчестер Сити не сакаше ниту да почне преговори.