Евентуален кикс на „росонерите“ на домашен терен ќе значеше останување на третото место на табелата за екипата од Фиренца, која денеска со 3:0 славеше во Џенова над Сампдорија.
До таа 75. минута Катанија имаше предност од 2:1 и најавуваше изненадување, кое на крајот сепак изостана откако Милан во последните 15 минути од средбата постигна три погодока за на крајот убедливи 4:2 во своја корист.
Голема заслуга за овој триумф на домаќинот има Џампаоло Пацини, кој во две и пол минути му помогна на својот тим од 1:2 да дојде до 3:2. Во финишот Марио Балотели од белата точка го постави конечниот резултат.
