.

Милан значително ја намали загубата во однос на последните години



Фудбалскиот клуб Милан во текот на 2010 година имаше загуба дури од 70 милиони евра, а една година подоцна имаше загуба од 67 милиони евра. 

Официјалните лица на клубот, на чело со Силвио Берлускони и Адријано Галијани вчера ги објавија бројките со кои Милан се справуваше во 2012 година и се дозна дека клубот од Сан Сиро речиси радикално го намалил минусот.
Официјално е објавено дека Милан во текот на 2012 година сепак бил во минус, но само со 6,9 милиони евра, што е важен напредок во однос на споменатите две години.
Околу тоа многу помогна политиката на клубот во текот на минатото лето, кога исклучиво само се продаваше (Ибрахимовиќ и Тиаго Силва во ПСЖ), додека многу малку се трошеше на засилување на играчкиот кадар.