.

Таљавенто "не виде" чист пенал за Милан и им подари бод на Фиорентина

Едно од дербињата на 31. коло во италијанската Серија А се одигра денеска во попладневниот термин во Фиренца, а натпреварот заврши без победник, 2:2.

Натпреварот лошо започна за Вилоетовите, мирна игра без шанси и поклон гол. Пизаро ја загуби топката во дуел со Монтоливо, поранешниот капитен на Фиорентина којшто кога и да се состанеше со топката добиваше свирежи од трибините, лесно го матираше Вивијано за 1:0.

Во финишот на првиот дел згреши Томовиќ, Ел Шарави тргна кон голот, српскиот интернационалец го удри со лакт, а судијата Таљавенто престрого му покажа црвен картон. Томовиќ не беше последен играч во одбраната, а исклучувањето наиде на остри реакции од страна на домашните фудбалери.

Првата шанса во вториот дел ја имаа домаќините, но ударот на Ромуло беше непрецизен. Гостите се заканија во 54. минута, но ударот на Балотели заврши покрај голот на Вивијано.

Во 62. минута гостите стигнаа и предност од два гола. По асистенцијата на Монтоливо стрелец беше Метју Фламини, а по само четири минути домаќините ја намалија негативата. Ночерино направи прекршок за најстрога казна, а од белата точка прецизен беше Љајиќ.

Во 73. минута нов пенал за Фиорентина. Одговорноста ја презеде Давид Пизаро и постигна гол за изедначување. Натпреварот заврши со тој резултат.