Таљавенто прво престрого го исклучи дефанзивецот на домаќините Томовиќ, но потоа тоа го компензираше со „поколн“ пенал за Фиорентина и недосуден чист пенал за Милан во последните минути од натпреварот.
„Ова беше тежок натпревар за судење и Таљавенто донесе неколку погрешни одлуки кои видно влијаеа на резултатот. Сепак не можеме да го обвинуваме судијата бидејќи ние сами сме виновни. Во второто полувреме бевме премногу опуштени и не го контролиравме натпреварот како што треба. Иако Фиорентина упати два удари кон голот и тоа двата од пенал, сепак ние сме тие кои дозволивме да се случи такво нешто“, изјави Алегри.
И Монтоливо кој беше стрелец на првиот гол за ’росонерите’ изјави дека самите се виновни за испуштеното водство и ремито во Фиренца.
„Нашиот психолошки приод беше погрешен. Можеби помисливме дека натпреварот е решен пред да биде, штета што не победивме, ова беше важен натпревар. Судијата беше само на едно метро кога Ронкаглиа играше со рака, но немаше храброст да досуди пенал. Сепак ние требаше порано да го затвориме натпреварот, а не да спиеме цело второ полувреме“, заклучи Монтоливо.
