.

„Газета дело Спорт“: Лавеци купува куќа во Милано

„Газета дело Спорт“ пренесува информација дека Езекил Лавеци вчера пристигнал во Милано заедно со својата понежна половина, со цел да купи куќа во градот на модата.

Иако Аргентинецот пред само една година замина од Италија, тамошните медиуми тврдат дека напаѓачот на ПСЖ може да се врати во Серија А ова лето.

Лавеци вчера се појави во Милано каде бараше куќа за своето семејство и ручаше во ресторанот „Џианино“ кој е клупски ресторан на раководството и фудбалерите на Милан.

„Газета дело Спорт“ тврди дека има голема веројатност Лавеци следната сезона да го облече дресот на ‘росонерите’, нешто што и самиот фудбалер го потврди.

„Ова е прекрасен град и со сигурност миланските гиганти би биле добра опција за мене. Сепак шармот на Милан е супериорен во однос на Интер“, изјави Лавеци.

Двете управи (на Милан и ПСЖ) во последно време се во многу добри односи, а весникот тврди дека ‘росонерите’ ова лето сигурно ќе се ослободат од Робињо и Бојан Кркиќ, и дека ќе се обидат испразнетото место во нападот да го потполнат токму со Езекил Лавеци.