Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ информира дека напаѓачот на „росонерите“, Џампаоло Пацини, би можел да премине во редовите на Наполи во текот на летото.
За услугите на 28-годишниот Џ. Пацини е заинтересиран тренерот на „неаполитанците“, Валтер Мацари, кој многу добро ги познава квалитетите на напаѓачот.
Да потсетиме дека Мацари и Пацини беа заедно во Сампдорија.
После доаѓањето на Балотели во Милан, Пацини речиси го изгуби стартното место во составот на „росонерите“. Веројатно тоа ќе му олесни евентуално во текот на летото да премине во редовите на Наполи, каде што ќе игра со нашиот репрезентативец, Г. Пандев.
.jpg)