.

Балотели: Алегри е неверојатен тренер, ќе направам се да остане

Видео: Прекинато дербито поради расистички навреди кон Балотели
Контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Блаотели јавно му искажа поддршка на својот актуелен тренер Масимилиано Алегри, кој на крајот на сезоната може да го напушти кормилото на ’росонерите’.

Медиумите шпекулираат дека Берлускони на крајот на сезоната ќе му врачи отказ на Алегри и покрај тоа што навивачите и фудбалерите сакаат стратегот да остане, а Балотели јавно порача дека сака уште долго да соработува со младиот стартег.

„Алегри е неверојатен тренер и многу добар човек. Секогаш ми дава добри совети и јас се чувствувам како Бог со него. Навистина сум изненаден од неговите квалитети и ќе направам се за да остане со нас уште долго“, изјавиБалотели.

„Медиумите неправедно го критикуваат но тоа не може да го дестабилизира бидејќи е многу смирен и добро знае да се носи со ситуацијата. Целиот тим е со него и се надеваме дека ќе остане со нас“, додаде Балотели кој постигна 11 погодоци во 12-те натпревари под водство на Алегри.