.

Расистички навреди кон Балотели

Мечот меѓу Милан и Рома на Сан Сиро на кратко беше прекинат заради расистички навреди упатени кон Марио Балотели од страна на симпатизерите на „римската волчица“.


Инцидентот се случи во второто полувреме, па Франческо Тоти мораше да реагира, и да побара од своите навивачи да престанат со навредите кон црномурестиот напаѓач.
Капитените на двата тима, Тоти и Амброзини први го предупредија судијата на навредите, пред овој да реши да го прекине мечот. Тоа не беше единствениот испад на гостинските навивачи, бидејќи и во првото полувреме имаше расистички навреди, но мечот не беше прекинат, туку официјалниот спикер ги опомена провокаторите.