.

Милан негира дека Алегри имал средба со Рома

’Росоњерите’ ги демантираат сториите кои велеа дека Масимо Алегри имал средба со претставници на Рома

И покрај тоа што стратегот е обврзан кон Милан до јуни 2014, медимите често шпекулираат за иднината на Масимо Алегри.

Подолго време се говори дека Рома го посакува екс-тренерот на Каљари, а последните стории велат дека тој имал средба со претставници на ’Римската Волчица на која се дискутирало за негова преселба во главниот град на Италија.

Сепак, Милан експресно реагираше, клубот од Сан Сиро демантира дека Алегри се сретнал со Рома.

„Во врска со сториите што денеска беа објавени во неколку весници, Масимо Алегри негира дека се сретнал со преставници на Рома” – гласеше краткото соопштение на ’Росоњерите’.