- Данило Авелар , фудбалер од средниот ред , со подефанзивни задачи кој го носи дресот на Kaљари. Има забележано 9 настапи во Серија А , но сеуште го нема постигнато првиот гол. Има 24 години.
- Алесио Черчи , фудбалер кој игра на крилните напаѓачки позиции , го носи дресот на Торино. Од годинава настапува и за репрезентацијата на Италија , а сезонава во Серија А на 34 натпревари постигна 7 голови. Има 26 години.
- Хернанес , настапува за Лацио , има 28 години. Сезонава во Серија А на 34 натпревари успеа да постигне 11 голови што е солидно за играч кој игра на позицијата полушпиц.
- Јосип Иличиќ , 25 годишен играч на Палермо кој сезонава ја игра на доста високо ниво , на 30 натпревар успеа да постигне 10 голови. Идентично како и Хернанес , игра на позицијата полушпиц.
- Гокан Инлер , го носи дресот на Наполи кадешто сезонава на 29 наптревари , 6 пати се запиша во листата на стрелците. 28-годишниот швајцарец со турско потекло игра како централен играч во средината.




