Најаскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Тиаго Силва, кој ова лето за рекордна сума од Милан премина во ПСЖ, јавно ја исткажа својата носталгија кон поранешниот клуб и навивачите на Милан.
Бразилецот, кој очигледно сеуште не го прежалил заминувањето од Милано, изјави дека доколку би бил во можност сам би си го откупил својот договор само за да се врати во Милан.
„Ми недостасува Милан, тој е мој клуб и росонерите секогаш ќе ги носам во моето срце. Доколку би можел би го откупил договорот само за да се вратам во Милан“, истакна Тиаго Силва.
„Никогаш нема да го заборавам денот кога прв пат пристигнав на Сан Сиро, ни првиот пат кога истрчав на терен. Сакав да направам историја со тој клуб и вечно да го носам црвено-црниот дрес. Штета што останав само три години, но за жал не бев јас тој кој се прашуваше“, откри Тиаго, кој за сума од 46 милиони евра премина во ПСЖ минатото лето.
