.

Јерсон Вергара во Милан


18-годишниот колумбиец , Јерсон Вергара најверојатно потпишал со Милан и од наредната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес.

Росонерите за дефанзивецот на Универзитет Де Попајан ќе платат околу 2 милиони евра , а тој денеска за првпат ќе го посети Милано , по што на крајот на сезоната во Колумбија официјално ќе потпише со Милан.

Тој треба да претставува замена за Марио Јепес кој на крајот од оваа сезона ќе го напушти Милан.

Истотака , Запата би требало да ја продолжи својата кариера во Милан.