.

ВИДЕО+ФОТО : СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАСИМО АМБРОЗИНИ !

Денеска својот 36-ти роденден го слави капитенот на Милан , Масимо Амброзини. Легендарниот играч од средниот ред кариерата ја започна во дресот на Чезена , но само по една сезона помината во тој тим , веднаш се пресели на Сан Сиро кадешто игра од 1995-тата година. Во сезоната 1997/98 тој беше испратен на позајмица во Виченца , но од тогаш до ден денес тој гордо го носи црвено-црниот дрес. Досега како Росонер има одиграно дури 489 натпревари и постигнато 36 голови во сите конкуренции.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АМБРО ОД СИТЕ ФАНОВИ ОД МАКЕДОНИЈА , ПА И ОД ПОШИРОКО , ТИ ПОСАКУВАМЕ СЕ НАЈДОБРО И СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАВРШИШ КАРИЕРАТА ТОКМУ ВО МИЛАН !