
Поранешниот холандски селектор и тренер на Барселона, Франк Рајкард би можел да го наследи Масимилијано Алегри на тренерската позиција во Милан, соопшти предмалку реномираниот портал "Football-italia".
Рајкард, всушност, е компромисно решение меѓу Алегри и Сидорф кои, од различни причини, најверојатно нема да бидат клупата на "росонерите". Против Алегри е претседателот Силвио Берлускони, а против Сидорф се навивачите кои му се лути од минатата година поради неговите критики на нивна сметка.
Својот најславен дел од тренерската кариера, 50-годишниот Рајкард го помина во Барселона која ја водеше пет сезони и во 2006 година ја освои титулата во Лигата на шампионите. Освен тоа, стигна до два трофеи во шпанското првенство пред да си замине во 2008 година. За многумина, тој ги постави темелите на денешната моќна каталонска машина која во меѓувреме освои уште 15 трофеи во сите натпреварувања.
Сепак, по заминувањето од Барса, Рајкард не може да се пофали со многу успех во кариерата. Го водеше Галатасарај, а потоа и репрезентацијата на Саудиска Арабија, но тоа беа епизоди за заборав. Во моментов е без ангажман, а навивачите сигурно не би имале против да се врати на Сан Сиро откако таму помина пет успешни години од својата кариера.
Одлуката за тренерот кој ќе го води Милан идната сезона ќе се знае утре кога Берлускони ќе има состанок со Галијани и Алегри.