Денес својот 32-ри роденден го слави еден од не баш омилените фудбалери за навивачите на Милан , Даниеле Бонера. Како и да е , тој од 2006-тата година до сега „собра“ 163 настапи во црвено-црниот дрес. Пред некое време , Бонера го продолжи договорот со Милан за уште 2 сезони и не останува ништо друго освен да му посакаме да освои многу титули за да ја збогати својата кариера во која досега има освоено : Скудето , Лига на Шампиони , УЕФА Супер Куп и Светско клубско првенство и сето тоа со Милан.