Сеуште актуелниот тренер на Милан, Масимилиано Алегри е спремен да потпише 3-годишен договор со „волчицата“ каде би заработувал 3.5 милиони евра по сезона и ќе стане најплетен тренер во Серија А.
Алегри е под важечки договор со Милан до јуни 2014 година, но претседателот Берлускони не го сака повеќе на кормилото на својот клуб, па дури и го откажа состанокот кој беше закажан за денес во неговата вила.
Од друга страна, потпретседателот Адриано Галијани сака да го сочува Алегри на клупата на „росонерите“, бидејќи е убеден дека нема подобро решение.
Алегри, кој преферира да остане во Милан, сака да го слушне конечното решение од Берлускони, но средбата која беше закажана за денес претседателот ја откажа. Од друга страна Рома сака што е можно побрзо да го ангажира стратегот и веќе се подготвени сите детали од договорот на кој недостасува само потпис.
Имено, „волчицата“ му ниди тригодишен договор со 3,5 милиони евра плус бонуси, со што Алегри би станал најплатен тренер во Италија заедно со Рафа Бенитез.
Стратегот ја чека конечната одлука на Милан и веќе му соопштил на раководството дека нема да бара никаква отштета во случај на отказ.
Денес се очекува да има расплет на целата ситуација кога ќе се одржи состанокот помеѓу Галиани и Алегри на кој ќе биде донесена конечната одлука.
